ВИДЕО: Блесокот на Кизиќ и Даниловски, магијата на Маџовски, цепелинот на Кристопанс... најубавото од скопското дерби!

Екипата на Вардар, потешко од очекувањето, запиша нова победа во СЕХА лигата и остана на лидерската позиција на табелата. 

Пред комбинираниот тим на Гарсија Парондо, паднаа младите металурзи, кои на овој дуел покажаа квалитет и желба за докажува, но во финишот немаа сили и останаа покуси за еден гол (23-22). За разлика од претходните дуели, синоќа гледавме израмнет натпревар, со многу промени на водството и атрактивни потези – како цепелинот на Кристопанс, фантастичните одбрани на младите Даниловски и Кизиќ, магичниот гол на Маџовски...

Погледнете ги најатрактивните моменти од мечот во „Борис Трајковски“: