• Зоран Мишевски

Македонскиот репрезентативец Филип Талески ја одигра својата најдобра партија по промената на клубот во Бундеслигата. Во рамките на четвртото коло на шампионатот на Германија, некогашниот ракометар на Металург и првак на Германија со Рајн Некар Левен постигна шест гола во победата на Балинген против Мелсунген со 36-23 (16-12).
Заедно со Марсел Нимајер, кој постигна шест гола, нашиот лев бек блескаше, реализира исто така шест од десет гола, некои во фазата кога новиот бундеслигаш се одлепуваше и потпомогна за вториот триумф во новата сезона.
Каи Хефнер со осум погодоци од 13 обиди беше единствена светла точка во поразениот Мелсунген.
Лидери по четири кола се Магдебург и Хановер со по осум бода од четири одиграни натпревари.