• Зоран Мишевски

Кога најмногу требаше, Борко Ристовски ја темпираше својата вистинска форма. Шест одбрани, која од која поспектакуларна, во првиот дел од мечот со Полска.
Голманот на Рајн Некер Ловен се надоврза на одличната партија против Франција и со пристапот и лидерството во ова прво полувреме им даде сигурност и цврстина на своите дефанзивци. Ако не беше опцијата преку Сипржак, полските ракометари беа целосно прочитани. 13-11 на полувреме по голема заслуга на Борко и одбраната.