Блесок на браќата Кошта, Спортинг ја приземји залетаната Висла

Португалскиот тим Спортинг од Лисабон со победа над Висла Плок (34-29) ја отвори новата сезона од ракометната Лига на шампиони.

Полјаците дојдоа во Португалија осоколени по победата над Киелце во Суперкупот, но тимот од Лисабон го приземји ривалот. Натпреварот беше ефикасен, а Спортинг водеше од почетокот до крајот во секој момент. На полувремето беше 17-14, а највисоката предност на португалскиот претставник беше во вториот дел, кога реузлтатот гласеше 32-25.

Браќата Кошта од Спортинг имаа свој блесок. Мартим имаше десет гола, додека Франциско погоди шест пати. Кај Висла, Дашчек имаше седум гола, а Фазекас погоди шест пати.

Спортинг во следното коло на Лигата на шампионите гостува кај Фредериција, додека Висла ќе му биде домаќин на Динамо Букурешт.