Блескаво деби на Петовски во Полска, победа и МВП признание за македонскиот голман

Младиот македонски голман Андреј Петковски имаше одлично деби на официјален натпревар за полскиот Азоти Пулави. Поранешниот голман на Пролет беше најкорисен играч на наппреварот меѓу Стал Миелец и Азоти Пулави, кој заврши 23-23, со победа на екипата на Петковски по седмерци (28-29). 

Петковски собра 14 одбрани, некои од нив одлучувачки во победата на Азоти Пулави. Младиот голман ова лето пристигна во Полска и одлично се аклиматизира во новата средина. Со искуствтоо кое го носи така компетигивно првенство Петковски веројатно ќе биде само подобар.

Инаку во првото коло од новиот шампионат победи забележаа двата фаворити Киелце и Виска Плоцк, а „жолтите“ на Душебаев претходно го освоија и Суперкупот на Полска.