ВИДЕО: Блескавата ноќ на Митревски – сите 13 одбрани кои ги „излудеа“ Данците!

Речиси и да немаше ракометар кој вечерва не блесна во „Борис Трајковски“ и го даде максимумот од себе за новиот селектор Кирил Лазаров со победа да ја започне својата нова ера во македонскиот ракомет. 

Од повратникот Миркуловски, до Манасков, Кузмановски, Талевски, Лазаров..., но можеби најголемата заслуга за победата над светскиот шампион Данска ја има фантастичниот голман Никола Митревски. Искусниот чувар на мрежата во вистински момент знаеше да влези во серија и да ја подигне атмосферата во нашиот табор, а неговите соиграчи одлично го користеа тоа и го спуштија на земја ракометниот гигант.

  • Сите одбрани на Митревски против Данска: 

Кај стрелците со по пет гола најпрецизни беа Манасков,Талески и Кузмановски, а Стоилов и Лазаров имаа по четири.