Блаж Јанц во Барселона од 2020 година!?

Словенија многу веројатно ќе добие уште еден свој ракометар кој ќе ги брани боите на шпанскиот гигант Барселона

Како што објави „Handball-planet“ по Јуре Доленец, дресот на каталонскиот тим ќе го носи и словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц, но од сезоната 2020/21. Според истиот медиум, десното крило, кое може да одговори и на бековската позиција е пред потпишување на повеќегодишен договор со Барселона, но во Шпанија ќе се пресели откако ќе му заврши актуелниот со Киелце

22-годишниот Јанц би требало да биде замeна за легендарниот Виктор Томас, кој наредното лето ќе наполни 35 години. 

Својата кариера словенечкиот ракометар ја започна во Целје, а од 2017 година е дел од полскиот шампион. За својата репрезентација дебитираше во 2016 година на Лeтните Олимписки игри во Рио.