Благојче Трајковски ќе брани во родниот град!

Екипата на Припеп по десетте победи во плеј-аутот на десет натпревари, почна да го гради тимот за следната сезона и доби на искуство на голот, затоа што го врати во тимот Благојче Трајковски.

39-годишниот голман зад себе има богата и успешна кариера, за екипите на Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје. Трајкоски беше и дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Фрација во 2017 година.

Со своето огромно искуство, лидерски квалитети и безброј натпревари на домашната и меѓународната сцена, Трајковски ќе биде големо засилување за Прилеп, клуб кој воедно е и од неговиот роден град.