Благој Панов се врати на голот на Младост Богданци

Екипата на Младост Богданци 1977 доби ново засилување меѓу стативите и потпиша договор со повратникот, младиот и перспективен голман Благој Панов.

Голманот роден 2004 година, добро е познат на публиката во Богданци затоа што предходно три години успешно ги бранеше боите на тимот.

Панов по две години настапи во Тиквеш во Суперлига и меѓународно искуство, официјално стави потпис на договор со новиот суперлигаш кој обезбеди промоција преку бараж.