• Зоран Мишевски

Исландскиот репрезентативец Бјарки Мар Елисон е ново засилување за францускиот ракометен гигант ПСЖ, откако официјално се пресели во Париз од унгарскиот тим Веспрем. Францускиот шампион ангажираше засилување на левата крилна позиција за да го засили својот состав за претстојната сезона.
За ПСЖ ова е искусно засилување на левата крилна позиција во потрага по нови домашни и европски титули
Елисон е стандарден репрезентативец на Исланд. Забележа над 100 настапи и повеќе од 400 постигнати гола. Дел е од клучните настапу на „рибарите“ на многу Светски и Европски првенства. Со репрезентацијата стигна до четвртото место на континентален собир.
