Битолско-скопски дуели во првото коло: Металург со Пелистер, Еурофарм со Вардар

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени паровите за плеј-офот и плеј-аутот на Суперлигата за сезоната 2018/19/. Шест екипи ќе се борат за титулата која од минатата сезона ја брани Вардар.

Во десет кола за три или четири европски места ќе се борат четири скопски и две битолски екипи. Вардар, Металург, Пролет, Бутел, Пелистер и Еурофарм Работник ги дознаа своите први ривали за колото со кое почнува плеј-офот веќе овој викенд.

  • Прво коло плеј-оф Суперлига - мажи: 

Металург - Пелистер
Еурофарм Работник - Вардар 
Пролет - Бутел

  • Распоред на натпревари за плеј-оф

Вардар и Еурофарм Работник имаат право да ги одложат првите натпревари заради настапите во европските Купови. Вардар в сабота навечер гостува во Лигата на шампионите во Загреб, а ден подоцна во Битола, Еурофарм Работник го пречекува Хановер во петтото коло на Б групата на ЕХФ Купот.

Во плеј-аутот за опстанок ќе играат Охрид, Струга, Радовиш, Вардар Јуниор, ГРК Борец и Прилеп. 

  • Распоред на натпревари за плеј-аут: