• Редакција Gol.mk
Европската јавност со нетрпение го очекува финалниот пресек на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и името на сите учесници во следната сезона на Лигата на шампионите. Македонија го загуби директното место, но се надева дека шампионот Еурофарм Пелистер ќе добие „вајлд-карта“ за настап во сезоната 2024/25.
Извесно е дека одлуката ќе биде донесена неделава и ќе биде објавена на 19 јуни. Тогаш ќе се знаат седумте екипи кои ќе играат во најсилното клупско натпреварување во Европа. Никој не ги знае прецизните критериуми за добивање на посебна покана од ЕХФ, но полека се „чисти“ конкуренцијата. Имено, првакот на Словенија, Горење, не аплицираше за „вајлд-карта“, а нема да игра во елитата ниту вицешампионот на Данска, Фредериција. Во кулоарите шансите на нашиот шампион се проценуваат на 50-50%.
Апликација испратија Кадетен Шафхаузен, Савехоф, Порто, Динамо Букурешт, Загреб, како и скоро сигурните учесници како вицешампиони на Германија, Франција, Унгарија, Полска (Фуксе Берлин, Нант, ПИК Сегед, Киелце).
Елитното европско ракометно натпреварување нуди девет директни позиции во групната фаза. Засега сигурни се само Барселона, Спортинг, Магдебург, ПСЖ, Висла Плок, Алборг, Веспрем и Колштад.