• Сашо Поповски


Клучниот момент на вчерашниот меч против Словенија беше одлуката на Раул Гонзалез да го замени Борко Ристовски со неговиот помлад колега, Никола Митревски. 32-годишникот од Битола беше иницијатор на пресвртот во првото полувреме, кога се неколку одбрани ја врати Македонија во игра и го најави подобриот период на репрезентативците.
Цела македонска јавност го слави името на Митревски, кој денес слободното време го помина во друштво на своите сограѓани кои пристигнаа во Загреб во огромен број да ја бодрат Македонија.
Крајните 10 одбрани имаа голем придонес во минималната победа над Словенците и најава за уште подобро издание во продолжението на шампионатот.

