• Горан Упале
Една од најдолгоочекуваните битки во последните сезони во ракометната Суперлига, ќе ја има првата епизода. Еурофарм Пелистер гостува кај Вардар 1961 во Скопје, во натпревар кој може да даде јасна слика околку главниот фаворит за шампионскиот трофеј оваа сезона.
Поради промената на форматот на лигата, двата најдобри тима не одиграа меѓусебни натпревари во есенскиот дел, па вистинската трка за титулата ја започнуваат вечерва од салата „Јане Сандански“. Шампионот пред неколку дена соопшти дека преостанаа уште 1.000 билети, кои што сигурно веќе се продадени, а нема да изостане и битолската поддршка. „Чкембари“ веќе најавија гостување и се очекува во голем број да пристигнат во главниот град.
Така, двете наши најдобри екипи ги имаат сите предуслови за вистински ракометен спектакл. Пелистерци веќе неколку дена се во карантин, а новиот тренер Александар Јовиќ на располагање ќе го има целиот ростер (без Сери кој е подолло повреден), а без посериозни проблеми е и младиот стратег на клупата на Вардар 1961, Владо Недановки.
Минатата сезона двете екипи одиграа четири првенствени натпревари, а битолчани извојуваа гостинска победа во плеј-офот. Сепак, по поразот на свој терен не ја остварија целта и Вардар 1961 ја одбрани титулата во домашнот шампионат, а потоа и го освои Купот на Македонија.
Она што треба да се напомене за оваа средба е што по подолго време на центарот нема да застанат нашите најдобри судии Славе Николов и Ѓорги Начевски, туку довербата ја добија битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Големото дерби меѓу лутите ривали започнува од 18:00 часот.