• Зоран Мишевски
Со 11 интервенции на Борко Ристовски или 27% успешност, битката меѓу стативите ја добија нашите голмани. Ако одбраната прими 31 гол од 42 упатени удари кон нашиот гол, далеку полоша е статистиката на норвешките голмани.
Еревек со само две и Кристенсен со четири интервенции тотално потфрлија и во голем дел од мечот нашата разновидност во нападот ги доведуваше до очај противничките голмани. Со само 16% успешност ќе беше премногу нашиот противник да го добиеше овој натпревар.