Битката на европските гиганти за финале ќе ја судат Николов и Начевски!

Македонските судии Славе Николов и Ѓорги Начевски повторно ја добија довербата да ја делат правдата на Светското клупско првенство (Супер Глоуб). 

Денес на програмата се полуфиналните средби, а големото дерби меѓу Барселона и Веспрем ќе го судат токму нашите арбитри. Полуфиналето е закажано за 16:00 часот. 

Николов и Начевски претходно го судеа четвртфиналното соочување меѓу Магдебург и Ал-Калеј, кое заврши со убедлива победа на германскиот гигант.

Во второто полуфинале токму Магдебург е голем фаворит против Ал-Ахли. Овој натпревар започнува од 19:00 часот.