Битигхајм промовиран во прволигаш, Томовски пак ќе брани во Бундеслигата

По победата на Хатенберг против Елбфлоренц (29-28), екипата на Битигхајм на Мартин Томовски и официјално е промовирана во прволигаш. 

Македонскиот голман и неговиот тим на неколку кола пред крајот на сезоната се сигурни на една од првите две позиции во Втората Бундеслига. Битигхајм во 31. коло ќе му гостува на Опенвејлер, но уште пред овој натпревар стана јасно дека следната сезона ќе се натпреварува во германската елита. 

До крајот на сезоната Битигхајм и Балинген ќе одиграат по четири натпревари, а тимот на Томовски има два бода предност. 

Што се однесува до Мартин Томовски, тој со Битигхајм има договор до крајот на следната сезона, па се очекува да се врати во Бундеслигата.