• Саше Љолес
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/11/16/screenshot-capture-2024-11-16-18-08-00.png?itok=T4ZDqGKO)
Екипата на Битигхајм од Лудвигзбург извојува победа во натпреварот против Вајперс Кристијанстад (33-29) во натпреварот од осмото коло во групата Б од Лигата на шампионите.
Германскиот состав беше во добар ритам во текот на целиот меч и сосема заслужено стигна до третиот триумф сезонава. На паузата предноста беше изразена со три гола (18-15), а потоа успешно се одржуваше во позитива и не дозволи „кам-бек“ на противникот.
Виола Лојхтер постигна осум гола во победничкиот табор, додека на спротивната страна најдобра беше Хове Тула Улсакер, која запиша шест погодоци.
Во натпреварот од групата А, прв триумф во елитата забележа екипата на Никобинг од Данска, која ја совлада романската Бистрица со конечен резултат 32-24. Домашниот состав стигна до премиерната радост пред своите гледачи откако одигра одлично второ полувреме.