Битер останува на голот на Штутгарт уште една година

Битер

Искусниот германски голман Јоанес Битер ја продолжи соработката со Штутгарт на уште една година.

37-годишникот се пресели во тимот пред четири години, од редовите на Хамбург. Од првиот момент кога пристигна стана јасно дека ќе биде број еден избор за голманската позиција.

„Сè уште се чувствувам многу пријатно овде. Затоа сум задоволен што меѓусебно се договоривме да продолжиме да работиме заедно. ТВБ се развива добро во последните години, се етаблира во првата дивизија и јас сум горд на тоа што би сакал да продолжам на овој пат“, вели Битер.

Новата соработка ќе му овозможи да игра во клубот до 30 јуни, 2020 година. Минатата сезона беше лидер меѓу голманите со 281 одбрана и процент на успешност од 30%.

205-сантиметри високиот Битер беше дел од шампионската генерација на Германија на Светското првенство на домашен терен во 2007 година.