Бисинов го доведе првото засилување за Суперлига, Димов се враќа во Велес

Најавите на крајот од сезоната на новиот суперлигаш Бисинов Фруитленд дека ќе се обидат да ги вратат велешките ракометари кои играат во други клубови, полека се остваруваат. Од клубот потврдија дека прво засилување за тимот во новата сезона ќе биде Мартин Димов.

Тој доаѓа од екипата на Тинекс Пролет, каде настапуваше во претходните четири сезони. Претходно настапуваше за Бутел Скопје, Вардар Јуниор, а има настап и за Вардар. Инаку Димов се враќа во матичниот клуб, бидејќи неговите ракометните почетоци се во клубот Бисинов.

Во следниот период се очекува и нови имиња во екипата на Бисинов Фруитленд, како би биле конкурентни во ракометната Суперлига.