Бисинов ги продолжи договорите со младите голмани Манев и Митревски

Новиот суперлигаш Бисинов Фруитленд објави дека ги продолжи договорите со Манев и Митревски.

Голманскиот тандем, Никола Манев и Антонио Митревски заедно со Паунов успешно го бранеа голот на Бисинов Фруитленд во ракометната Прва лига и без пораз обезбедија пласман во Суперлигата.

Претходно, како што е познато, Бисинов Фруитленд го ангажираше и крилото на Тинекс Пролет, Мартин Димов, и ги продолжи договорите со двајца стандардни првотимци Филип Сиљанов и Илија Табаков.