Билик: Еурофарм Пелистер е поопасен по двата порази

Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Кил во натпревар од третото коло на Лигата на шампионите. По поразите од Колштад и Алборг, сега на македонскиот првак му следи уште еден сериозен предизвик против германскиот гигант. 

Во пресрет на мечот, најава на дуелот даде австрискиот бек Никола Билик. Австриецот смета дека пелистерци по двата неуспеси се уште поопасни. 

„По двата пораза Еурофарм Пелистер е уште поопасен. Ќе се обидат со сите можни средства да нè победат. Еурофарм Пелистер е камен на кој може да се сопне секоја екипа, особено во Битола. Ние не сакаме да бидеме првите што ќе се сопнеме на тој камен“, изјави Билик.

Пелистерци го дочекуваат Кил во среда, во првиот европски термин од 18:45 часот.