Билетите за европското финале во Скопје по цена од 200 и 300 денари

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба.

Клубот објави дека продажбата започнува во понеделник (19.5.2025) во 13:00 часот. Продажбата на билетите ќе се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите ќе биде 200 и 300 денари.

Натпреварот Алкалоид - АЕК кој е реванш од финалето ќе се одигра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје