Биглер: Имавме проблеми со одбраната, но реагиравме и се радувавме

Темпераментниот германски стручњак Михаел Биглер со многу емоции ја водеше полската селекција во натпревар во кој играта на нерви беше заштитен знак.

„Мораме 60 минути да се бориме за да го добиеме секој меч на првенството, па така и овој. Среќен сум заради нашите навивачи кои беа неверојатни. Бевме и на -3, но тие секогаш нè поддржуваа. Имавме проблеми во одбраната во првиот дел, но не на тактички план, туку од гледна точка на движењата и емоциите. Македонскиот голман беше одличен во првиот дел. Се собравме во соблекувалната и реагиравме. Бевме многу подобри и жал ми е што на крајот не го завршивме мечот, туку му дадовме шанса на противникот да се врати“, потенцира Биглер.

Полјаците, кои освоија бронза на последниот Мундијал во Катар, во вторник во вечерниот термин ќе играат со златните од сите последни натпреварувања, Французите на Онеста.