Бидасоа покажа моќ и со 16 разлика го посрамоти Савехоф

Бидасоа Ирун

Шпанскиот вицешампион, Бидасоа Ирун, уште еднаш ја потврди фаворитската улога во групата Ц на Лигата на шампионите и попладнево ја запиша највисоката победа од досегашниот дел од натпреварувањето. 

Пред разиграните Шпанци падна шведскиот претставник Савехоф, кој со убедливи 39-23 го забележа првиот пораз во новата сезона на европската елита. Во оваа група се натпреварува и македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник, кој денес има шанса пред својата публика да ја запише втората победа во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите. 

Во Шпанија израмнето се играше само на стартот од мечот, кога водството наиземично се менуваше, сè до средината на првиот дел, кога Бидасоа Ирун влезе во ритам и на полувреме замина со позитива од шест гола разлика (18-12). 

Во вторите 30 минути, пак, Савехоф како да испушти здив за надигрување, техничките грешки во нападот беа сè почести, а искусниот домаќин тоа ги искористи и немилосрдно го наполни голот на противникот. Од минута во минута шпанското водство се зголемуваше, во 40. минута за првпат достигна +10, додека на крај застана на највисоки +16 (39-23). 

Салинас и Азкуе со по осум гола беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај Савехоф се истакна Бланч со девет гола. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм ПелистерЕурофарм Пелистер 10 3 0 7 265:279 -14 6