Бидасоа Ирун го продолжи договорот со својот најдобар ракометар

Поранешниот европски првак, а денес вицешампион на Шпанија, екипата на Бидасоа Ирун, реши голема грижа околу иднината на својот најдобар ракометар. Имено, противникот на Еурофарм Работник во групната фаза на Лигата на шампионите денес го продолжи договорот со крилото Ињаки Каверо до 2021 година.

Човекот кој постигна 58 гола во минатото издание на АСОБАЛ лигата, имаше понуди од неколку други клубови од континентот, но ги одби за да го продолжи својот развој во Баскија.

„Среќен сум што останувам. Пред нас е тешка година, а посебно тешки ќе бидат првите месеци. Ќе ни послужат да влеземе во ритам што побрзо“, рече Каверо.

Бидасоа Ирун ќе се сретне со Еурофарм на 25-29 септември во Шпанија и од 1 декември во Битола.