„Би сакал да бидам Алекс Фергусон за Киелце, но ако продолжам да губам од платата...“

Прославениот Талант Душебаев зборуваше за проблемите со кои ќе се соочуваат ракометарите и тренерите во наредниот период. Финансиите ќе бидат проблем за „малите“ клубови, па се очекува најдобрите играчи да завршат во редовите на европските гиганти.

Предводникот на Киелце посакува да остане долго на клупата на Киелце и да стане како Сер Алекс Фергусон, но смета дека тоа нема да биде возможно со често намалување на плати кај помалите екипи.

„Многу веројатно е дека ќе загубиме големи имиња во наредниот период. Богатите клубови ќе ја искористат приликата за да го соберат најдоброто во своите редови.

Јас имам многу понуди, исто така, но сите ги одбив. Би сакал да останам тука уште долго време и да станам ракометниот Алекс Фергусон, но доколку се случи намалување на платата, нема да имам избор“, вели 51-годишниот стратег.

Душебаев ја започна тренерската кариера во Шпанија, во Сиудад Реал, а во Киелце е од 2014 година. Во меѓувреме застана на слекторските позиции во Унгарија и Полска, но тоа го правеше само во краток период.