Без изненадувања во ЛШ кај дамите, Грбиќ во последна секунда го израдува ФТЦ

Четири натпревари се одиграа ова саботно попладне во женската Лига на шампиони и на сите од нив победија фаворитите на хартија.

Највозбудливо беше во Унгарија каде Ференцварош на домашен терен трепереше, ама со гол во последна секунда успеа да слави над ЦСМ Букурешт (31-30). Хероина на домашните беше Итана Грбиќ која реализира во последниот напад. Таа беше и најдобра на мечот со шест гола, пред Столе со пет, додека кај ЦСМ, Неагу реализира седум пати.

  • Голот на Итана Грбиќ за победа:

Брест Бретањ на домашен терен беше подобар од црногорски Будуќност (25-21). Најефикасна кај победникот беше Тублан со осум гола, а кај гостинот, Кепиќ имаше пет гола. Ѓер беше убедлив со турски Кастамону (37-20), Нзе Минко даде седум, пред Офтедал со пет гола, а кај Кастамону, екс-вардарката Радичевиќ имаше единаесет гола.

Единствениот гостин кој забележа победа беше Ростов Дон на гости кај хрватска Подравка (22-23). Манагрова даде пет гола за рускиот состав, а Калаус имаше пет кај Хрватките.