• Саше Љолес
Јури Кнор повторно беше во центарот на вниманието по поразот на Германија од Србија (27-30) на Европското првенство во ракомет. По натпреварот, 25-годишниот играч јавно изрази незадоволство, најмногу поради малата минутажа што ја доби во второто полувреме и одлуките на селекторот Алфред Гисласон.
Кнор рече дека е природно за играчот да се нервира кога не може да им помогне на соиграчите на теренот, особено во клучните моменти.
Дополнителна причина за фрустрацијата беше еден детал во 58. минута, кога Кнор постигна гол што можеше да донесе изедначување, но погодокот не беше признаен поради тоа што тренерот побара тајм-аут малку предвреме, па акцијата беше прекината.
Покрај тоа, Кнор имплицитно го критикуваше и пристапот на селекторот кон ротацијата на играчите, истакнувајќи дека е важно повеќе играчи да добијат шанса, наместо само неколку да играат без престан. Германија сега се наоѓа под голем притисок во борбата за опстанок на турнирот и следниот натпревар против Шпанија ќе биде од клучно значење за продолжување во следната фаза.




