Беше мета на македонски суперлигаш, но реши да остане во Германија

Српскиот голман Тибор Иванишевиќ ќе ја продолжи својата кариера во Германија, каде настапува од 2018 година, а од следната сезона ќе биде нов член на тимот на Минден

30-годишниот чувар на мрежата потпишал договор со Минден, кој се бори за враќање во првата Бундеслига, а главни конкуренти во моментов му се Балинген и Хутенберг

Иванишевиќ оваа сезона е дел од Гепинген, а претходно настапуваше за екипата на Вецлар и Гумерсбах.

Овој искусен чувар на мрежата беше желба на новиот проект на ГРК Охрид на чело со српскиот стратег Борис Ројевиќ, но немаше конкретни чекори кои беа најава за потпис.

ФОТО: HSG Wetzlar