„Беше кул да се игра во оваа атмосфера, добро ги познавам македонските фанови...“

Радовиќ

Црна Гора ја победи Македонија и ѝ ги скрати шансите за пласман во следната рунда на Европското првенство 2022. Натпреварот донесе голема битка и емоции на двете страни. Македонските навивачи доминираа на трибините, па очекувано беше да има провокации кон противничката репрезентација.

За жал се случи инцидент по крајот на мечот. Црногорските ракометари одговорија на провокативните зборови, а според Мирко Радовиќ, ракометарот на Еурофарм Пелистер, тоа е разбирлива реакција.

„Тие го поддржуваа својот тим во текот на целиот натпревар. Беше кул да се игра во оваа атмосфера. Ги познавам македонските навивачи затоа што играм таму. Тоа е спорт број еден во нивната земја“, рече Црногорецот.

Македонската репрезентација во последното коло ќе се сретне со Данска, која е меѓу фаворитите за највисок пласман на шампионатот.