Беше двоен европски првак со Вардар, а денес ќе дебитира за Дубочица

Некогашниот ракометар на Вардар и голема надеж на српскиот ракомет, Јања Војводиќ е нови играч на Дубочица од Лесковац и ќе се обиде да му помогне да го оствари најдобриот можен пласман во плеј-офот.

Момчето што може да се пофали со фактот дека е двоен освојувач на Лигата на шампионите со Вардар, се враќа во српскиот ракомет по афирмацијата во тимот на Врбас, од каде замина во полски СЛАСК, а потоа и во шпански Пуенте Хенил, пред да замине во Македонија. Прво го носеше дресот на Металург две сезони, потоа Вардар, а следната дестинација беше романската екипа Баја Маре.

Со тимот од Лесковац, Војводиќ се согласи да соработува до крајот на сезоната. На почетокот од плеј-офот, Дубочица попладнево игра против нишки Железничар.