Бергишер испадна од Бундеслигата, Јоновски заминува на истек на договорот

Македоскиот интернационалец Ацо Јоновски со бундеслигашот Бергишер не успеа да обезбеди опстанок во најсилното друштво и покрај победата во последното коло, вчера против Хановер.

Тримуфот на Лемго против Гумерзбах, значеше дела поради подобра гол разлика Гумерсбах останува во лигата, а Бергишер се сели во понизок ранг на натпреварување.  

Македонскиот интернационалец се наоѓа на истек од договорот и следната сезона нема да го носи дресот на Бергишер. Некогашниот ракометар на Пелистер, Бешикташ, Сент Гален, Силкеборг, Босна, Вардар, Металург и Натурхаус Ла Риоха се одлучи за нов предизвик.

36-годишниот дефанзивец има понуди и од домашни и од странски екипи, но преферира интернационален ангажман.