Берге: Можеби требаше да го чуваме Лазаров на поинаков начин!

Gol.mk на светско првенство во ракомет

Норвешкиот селектор Кристијан Берге, на официјалната прес-конференција по мечот, со новинарите ги сподели своите импресии од натпреварот со нашата селекција.

„Имавме многу проблеми во текот на мечот. Постојано бркавме и мислам дека на крајот можевме да излеземе како победници. Но, оваа Македонија беше сосема поинаква за разлика од мечот пред четири дена. Продолжуваме понатаму, имаме уште една шанса за пласман во полуфиналето. Морам повторно да го погледнам мечот за да видам дали погрешив што не го чувавме на поинаков начин Лазаров. Но, тој е врвен играч и можеби и тоа немаше да помогне“, заврши Берге.

Дали Норвешка ќе игра во борбата за медали или не, ќе се знае в среда на мечот со Франција, по кој ќе бидат познати полуфиналистите од главната групна фаза во Краков.