• Сашо Поповски

Новиот норвешки гигант Колштад се пофали со потписот на договор со својот нов тренер Кристијан Берге.
48-годишниот стратег по осум години ќе ја напушти клупата на норвешката репрезентација и ќе се врати на клупскиот ракомет. Норвежанецот започнува со работа во Колштад веќе на први март, а до први мај ќе работи и како селектор на Норвешка.
Федерацијата го принуди Берге да одбере што ќе работи, бидејќи инсистира во иднина да има селектор професионалец, а не стручњак кој ќе биде поделен меѓу клупскиот и репрезентативен ракомет.
Клубот од Трондхајм одлучи да стане голем клуб. Во последно време успеа да доведе светски ѕвезди како Сандер Сагосен, Магнус Гулеруд, Магнус Абелвик Род, Торбјорн Бергеруд и Горан Јоханесен.