Бера Бера ја доби организацијата на квалификационата група од ЛШ

Шпанската екипа Бера Бера од Сан Себастијан ја доби организацијата на турнирот од квалификациите на женската Лига на шампиони на кој ќе учествуваат покрај домашната екиоа уште и Лајпциг (Германија), Хипо (Австрија) и Гомељ (Белорусија).

Само победникот ќе се пласира во групната фаза и ќе им се приклучи на Вардар, Астраханочка и ФТЦ Реил Карго Унгарија во група 2.

Во полуфиналето на турнирот ќе играат: Лајпциг - Гомељ и Бера Бера - Хипо. Се очекува мечот меѓу Хипо и Бера Бера да биде „финале пред финале", а квалификацискиот турнир ќе се одржи на 9 и 10 септември.