Бенфика, Малме, Адемар Леон... - Металург го добива ривалот во ЕХФ Купот

Во очекување на утрешната ждрепка за третото коло на ЕХФ Купот, победникот на Купот на Македонија во ракомет, скопски Металург веќе знае кои му се потенцијалните ривали во последниот филтер пред групната фаза. 

Пелистер и на Бутел беа елиминирани во второто коло, па Металург последен ќе ги брани боите на нашата земја во второто по квалитет европско натпреварување. Металург е дел од првиот шешир, но меѓу потенцијалните противници има моќни тимови, поранешни учесници во групната фаза на Лигата на шампионите и ЕХФ Купот.

Можни противници на Металург во третото коло на ЕХФ Купот:
Олимпијакос (Грција)
Екс ан Прованс (Франција)
Бохолт (Белгија)
Арендал (Норвешка)
Винтертур (Швајцарија
ЗТР Запорожје (Украина)
Азоти Пулави (Полска)
Чурго (Унгарија)
Горњик Забрже (Полска)
Талент Плзен (Чешка)
СКА Минск (Белорусија)
Малме (Шведска)
Алпла Хард (Австрија)
Адемар Леон (Шпанија)
Бенфика (Португалија)
Горење Велење (Словенија)

Натпреварите од третото коло ќе се одиграат на 16/17 и 23/24 ноември.