Бенфика и Талески впишаа клучна победа во ЕЛ, Тулуз ремизираше кај Флензбург

Екипата на Бенфика им се врати на победите во Европската лига, откако по болниот пораз од Будасоа во претходното коло, вечерва ја забележа можеби клучната победа во групата 2 од втората фаза од второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

Во Португалија совладан беше тимот на Иштад од Шведска со 36-31, на полувреме 18-14. Македонскиот интернационалец Филип Талески немаше свој придонес во нападот во оваа победа на Бенфика. На две кола до крајот Бенфика си обезбеди место во осминафиналето, а колку коцките ѝ се наместат може да стигне и до првото место во групата, кое носи пласман во четвртфиналето.

Ракометарите на Тулуз приредија изненадување во Германија, откако останаа непоразени на тешкото гостување кај Флензбург (34-34). И покрај ремито бундеслигашот е сигурен на лидерската позиција со два бода повеќе од Тулуз. 

На останатите натпревари Татабања пред својата публика загуби убедливо од Гумербах (29-44), додека ГОГ на домашен терен беше поуспешен од Монпелје