Белорусија долго време водеше, ама подмладената Германија впиша стартна победа на ЕП

Ракометната репрезентација на Германија со победа ги започна настапите на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Во рамките од првиот натпревар од групата Д, подмладената Германија, иако долго време имаше негатива, во клучниот момент заигра поквалитетно и го скрши отпорот на Белорусија, за конечна победа од 33-29.

Натпреварот во Братислава започна со одлична игра на Белорусите, кои го разбија бундес-тимот и по воведните десет минути имаа водство од дури пет гола (2-7). Во овој период на паркетот без грешка одиграа Вајлупов, Каралек и Кулеш, но Германците трпеливо ја чекаа своја шанса и до крајот на полувремето ја казнуваа секоја грешка на противникот. Тоа им донесе и намалување на негативата на само еден гол (17-18). 

Белорусите водството го чуваа само уште на стартот од вториот дел, бидејќи Германија се консолидира, а Волф се разбрани, па откако го презедоа водството, не дозволија нов пад и заслужено се изборија за победа од четири гола разлика.

Хефнер со осум, Шилер со седум и Кух со шест гола беа најпрецизни во составот на Гисласон, додека кај Белорусија се истакнаа Вајлупов и Кулеш со седум погодоци, а еден помалку имаше Каралек.