Белистојановски даде 11 гола, Еурофарм Пелистер 2 мина успешно

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги продолжува настапите во следната фаза во Купот на Македонија, затоа што сигурно славеше во прволигашкиот дуел против Драчево (40-22).

Уште по првото полувреме сите работи беа завршени, затоа што избраниците на Александар Зарков имаа 21-12. Се наметнаа уште на стартот, Еурофарм Пелистер 2 избега на 8-1, па беше полесно да се игра. Од минута во минута, водството на битолчани само растеше.

Ненад Белистојановски беше прво име кај победникот со 11 гола, а го следеше Христијан Митревски со осум гола, додека кај драчевци, Филип Дабевски го заврши мечот како прв стрелец со четири реализации.

Претходно, во следната фаза од Купот место обезбедија и ГРК Охрид, МРК Куманово, Радовиш и Мулти Есенс.