Белевска заминува од Пелистер и ќе тресе мрежи во Ѓорче Петров

Ѓорче Петров се засили на десната крилна и бековска позиција. Ново име во екипата е Анастасија Белевска од Пелистер.

Битолчанката важеше за една од најдобрите ракометарки на пелистерки во изминатата сезона. Со одличните игри и голгетерски способности го привлече вниманието на управата на новиот клуб.

Белевска може да игра на десната бековска, но добро се снаоѓа и на десната крилна позиција.

Ѓорчепеторвци претходно ги продолжија соработките со Ања Велкова, Ангела Цветановска и Ива Петровска.