• Мартин Танасковски

Македонската ракометна репрезентативка Андреа Белеска има нов ангажман и кариерата ќе ја продолжи во Шведска.
Кичевчанката која настапува на десната бековска позиција се договори со екипата на Боден. Доаѓа од Турција, каде го носеше дресот на Анкара Јенимале и настапи во Челинџ купот оваа сезона.
Белеска и Боден се договорија за едногодишна соработка. Таа се очекува да дебитира во новата средина на 27 октомври.