Андреа Белеска ја зголеми македонската колонија во грчки ПАОК

Уште една македонска репрезентативка ќе ги брани боите на грчиот шампион ПАОК. Андреа Белеска се договори со клубот од Солун и потпиша договор со црно-белите.

По Марија Николиќ и Диана Јовановска, од македонско тло во овој клуб доаѓа и десниот бек. Настапуваше во Шведска, каде го носеше дресот на Боден, но реши да направи промена и да се врати поблиску до „дома“.

Покрај за Боден, македонската репрезентативка настапуваше и за Анкара, Валчеа, Галаци, Вардар, Металург, Кичево...