Бек од Египет потпиша за Чаир, дојдоа и две Македонки

Екипата на ЖРК Чаир го екипира ростерот за следната сезона и објави дека потпиша договор со три нови ракометарки.

Нов член на клубот е Нора Махмуд од Египет. Се работи за ракометарка која настапува на бековските позиции и се очекува да биде главен шутер во нападот. Последните четири сезони ги мина во тимот на Замалек.

Исто така ЖРК Чаир потпиша и со две македонски ракометарки. Првата е пивотот Михаела Вељаноска која доаѓа од тимот на ЖРК Вардар, додека втората е средниот бек Стефани Ристиќ од ЖРК Атлетик.