Бебешко: Ракометарите на Струмица ќе се обидат да покажат дека се добар тим

Ракомет-Мешков-Брест-Вардар

Нашиот ракометен вицешампион Макс Струмица, денес гостува во Украина каде ќе одигра меч од СЕХА лига против Мешков Брест. Во пресрет на натпреварот домашниот тренер, Бебешко вели дека мечот со нашиот клуб треба да им послужи на домашните ракометари како подготовка за наредните предизвици.

„За нас денешниот натпревар е прв официјален во 2016 година. Имаме противник кој во досегашните натпревари успеа да освои само два бода и се наоѓа на дното на табелата. Овој натпревар треба да го искористиме како подготовка за идните предизвици. Македонските ракометари сигурно дека ќе се борат и ќе сакаат да покажат дека се подобар тим, бидејќи на првиот натпревар славевме со 20 гола разлика. Ние мора да бидеме сериозни, особено ако се знае дека ќе настапиме без Атман и Тујментцев“, изјави тренерот на Мешков Брест, Сергеј Бебешко

Кон својот тренер се надоврза и летонскиот ракометар Даинис Кристопанс, кој нагласува дека денешниот натпревар е можност за да тимот на Мешков Брест да се покаже во најдобро светло.

„По долга пауза време е за официјални клупски натпревари. Овој месец ќе играме само еден меч на домашен терен, а тоа е денешниот против Струмица. Ние денес сакаме да ги покажеме најдобрите перформанси и да направиме нашите навивачи да се забавуваат“, изјави 25-годишниот ракометар

.Натпреварот започнува денес во 17.30 часот, а секој друг резултат освен победа на домаќинот ќе биде прворазредна сензација.