Баур сменет во Шафхаузен, Данецот Валтер негова замена

По лошата полусезона во Лигата на шампионите со првакот на Швајцарија, Маркус Баур е сменет од тренерското место во Кадети Шафхаузен. Екипата која беше во групата со Металург спогодбено го раскина договорот со германскиот стручњак.

Негова замена ќе биде данскиот тренер кој ги водеше екипите на Висла Плок во Полска и Баја маре во Романија, Ларс Валтер.

Баур веројатно ќе се врати во Германија, каде има опции да работи со младинските категории во германскиот сојуз.