• Мартин Танасковски
Каталонскиот ракометен гигант Барселона е последниот потврден учесник на Светското клупско првенство 2025, што ќе се одржи во Египет. Меѓународната ракометна федерација официјално ја потврди поканата за шпанскиот тим, со што бројот на учесници се заокружи на девет клуба од различни континенти.
Турнирот ќе се одржи во периодот од 26 септември до 2 октомври 2025 година, а домаќин на натпреварувањето ќе биде египетскиот клуб Замалек.
- Клубови учесници на Светското клупско првенство 2025:
Замалек (Египет) – домаќин на турнирот
Ал Ахли (Египет) – африкански Супер-шампион
Веспрем (Унгарија) – актуелен освојувач на Светскиот куп
Магдебург (Германија) – шампион на Европа
Шарjа (ОАЕ) – азиски шампион
Топати (Бразил) – шампион на Јужна Америка
Универзитет Сиднеј (Австралија) – шампион на Океанија
Калифорнија Иглс (САД) – шампион на Северна Америка
Барселона (Шпанија) – специјална покана од Меѓународната федерација
Ждрепката за турнирот ќе се одржи во рамки на младинското Светско првенство, кое исто така ќе се одржи во Египет, почнувајќи од 6 август 2025 година.
ФОТО: FC Barcelona Handbol / Facebook



