• Мартин Танасковски
Екипата на Барселона во дербито на денот славеше над бундеслигашот Магдебург (36-29) и така на ривалот му го нанесе првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона.
Каталонците со овој резултат се нови лидери во групата Б со 24 бода, еден повеќе од Магдебург. Во последното коло, Барселона ќе го брани врвот против Еурофарм Пелистер на домашен терен.
Најефикасен играч на теренот беше Алекс Гомез постигна со седум гола за Барселона, а по пет дадоа Јанц и Макуц, додека кај бундеслигашот Клар даде седум гола.
Во вториот дуел, Нант ја продолжи победничката серија и славеше во дербито со Веспрем (33-31). Францускиот тим дојде до бројката од 14 бода, исто колку што има и Веспрем. Двата тима ќе разигруваат за подобра позиција во плеј-офот во последното коло.









