Барселона преку Гранољерс до титула во Суперкупот на Каталонија

Ракометарите на Барселона ја освоија првата титула во новата сезона. Избраниците на Чави Пасквал и повеќе од убедливо го победија тимот на Гранољерс во Суперкупот на Каталонија со 43-25.

Победникот беше решен уште во првиот дел, кога Барселона водеше со 8-22, а во вториот дел само ја задржа разлика и забележа убедлив триумф. 

За каталонскиот гигант дебитираа новите засилувања, Каспер Мортенсен, Тиагуш Петруш, Лудовик Фабрегас, Кевин Мелер и Жилберто Дуарте, а по повредата на теренот се врати Ласе Андерсон. 

Данскиот бек беше и најефикасен со шест голови во победничкиот тим, додека по пет постигнаа Гомез и Ентрериос, а четири дадоа Фабрегас и Лене. Кај Гранољерс најдобар беше Гарсија со пет погодоци.