Барселона одигра моќно и му даде 45 гола на Целје

Екипата на Барселона делуваше луто од поразот од ПИК Сегед, па во рамки на второто коло од Лигата на шампионите убедливо славеше против словенечки Целје (45-21).

Каталонскиот тим одигра одлично и во нападот и во одбраната и му го нанесе на Целје еден од најтешките порази во Лигата на шампионите. Разликата меѓу двата тима беше евидентна во текот на целата средба, а конечниот резултат беше највисоката разлика што Барселона некогаш ја имаше.

Најдобар кај Барселона беше Циндриќ со осум гола, а Фабрегас и Томас имаа по пет погодока, додека кај Целје Силва да Боргес заврши со пет гола.

На вториот натпревар од вечерниот термин, Спортинг Лисабон со 32-24 го совлада словачки Татран Прешов.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3